Руската интернет-компанија „Јандекс“ е главен спонзор на турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“, пишува весникот „Ведомости“.
Тоа го потврди претставничката на „Јандекс“ Асја Мелкумова, но не ја соопшти вредноста на договорот. Ќе изнесува околу 10-15 милиони долари, смета претседателот на компанијата ProSport Management Герман Ткаченко.
Се работи за голем маркетиншки договор кој работи на препознатливост на производите на компанијата „Јандекс“ во Турција. Соработка ќе донесе нови корисници, објаснува Мелкумова. Денес во оваа земја се промовира пребарувачот „Јандекс“ за компјутери и мобилни уреди.
„Јандекс “ своите сервиси ги пушти во употреба на турскиот пазар 2011 година. Тоа беше првото излегување на руски пребарувач на странски пазар надвор од Заедницата на независни држави. Состојбата во јуни 2015 година покажува дека рускиот пребарувач успеал да добие околу 5% од турскиот пазар. Најпопуларниот пребарувач во Турција е „Гугл“.
Фенербахче бил 19 пати шампион на Турција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче