Германското движење за граѓански права „Солидарност“ почна на својот на официјален сајт да собира потписи за петиција против трета светска војна.
„На 70-годишнината од атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки светот се најде поблиску до прагот на нуклеарна војна отколку за време на Кубанската криза во 1962 година. Причината за тоа се низа бесмислени провокации против Русија и Кина. Како резултат на тоа администрацијата на Обама и НАТО го доведува човештвото во опасност од уништување“, се вели во петицијата.
Како пример за провокациите против Русија движењето го наведува ширењето на НАТО на Исток, едностраното излегување на САД од Договорот за ПРО и распоредувањето во Полска и Романија на противракетните системи. Згора на тоа, го активираше производството и распоредување на нова генерација тактичко нуклеарно оружје.
Како одговор на тоа Русија исто така почна со зајакнување на своие стратешки нуклеарни сили и како резултат на ризикот од почнување на нуклеарен конфликт „кој може да ја уништи Земјата десетици пати“ значително порасна, сметаат авторите на петицијата. „Бараме итен прекин на конфронтацијата со Русија и Кина и враќање кон политичко решавање на сите конфликти“, се вели во петицијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче