Специјалниот претставник на премиерот на Грузија за Русија Зураб Абашиѕе изрази подготвеност, во случај да се појават „интересни идеи“, Грузија да го интензивира дијалогот со Русија, пренесува порталот „Взгљад“.
„Ако се појават некои интересни идеи, јас ќе го поддржам интензивирањето на дијалогот и напредокот во преговорите“, изјави абашиѕе за грузиската телевизија.
„Никако не можам да се согласам со предлогот да се прекинат разговорите, затоа што тоа е ќорсокак“, истакна тој.
„Западните партнери одлично го сфаќаат тоа и затоа го поддржуваат нашиот дијалог“, изјави претставникот на грузискиот премиер за Русија, кој од крајот на 2012 година, најпрвин во Женева, а потоа во Прага, одржува редовни средби со заменик-министерот за надворешни работи на Русија Григориј Карасин.
„На некои им се допаѓа Русија, на некои не, но ние треба да најдеме точки на разбирање со сосед кој е многу комплициран партнер, за да можеме чекор по чекор да напредуваме по патот кон решението на конкретните проблеми“, изјави Абашиѕе.
Тој исто така изрази увереност дека Грузија можела да ја избегне трагедијата од 2008 година и нејзините тешки последици доколку претходните власти презел исто такви претпазливи потези.
Помеѓу Тбилиси и Москва од војната во 2008 година нема дипломатски односи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче