Руските власти планираат на секој начин да го поттикнат развојот на Арктикот, вклучувајќи и основање на населби, изјави министерот за природни ресурси и екологија на Русија Сергеј Донској, пренесува „Газета.Ru“.
„На развојот на арктичкиот регион во наредниот период ќе му биде посветено сѐ поголемо внимание“, изјави тој.
Според неговите зборови, планирано е да се работи на интензивирање на сообраќајот по Северниот морски пат и на изработка на база за експлоатација на фосилни суровини. За тоа е неопходно да се развива инфраструктурата и да се поддржува развојот на постојните и основање на нови населби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче