Германскиот претприемач Стефан Дир, директор на најголемата руска фабрика за поизводство на млечни производи, во интервју за германските медиуми ги изнесе своите впечатоци за состојбата на руското земјоделство.
Според неговите зборови, санкциите му одат во полза на руското земјоделство, пишува „Ди Цајт“ (Die Zeit). „Забраната за увоз на западни прехранбени производи му помага на рускиот аграрен сектор. Неодамна кај мене дојде главниот набавувач за компанијата „Метро“ во Русија. Некогаш за домашните производители беше неверојатно тешко да се пробијат до рафтовите на продавниците „Метро“. Постоеше тнр. аванс, а самата роба се плаќаше често дури два-три месеца подоцна. А сега „Метро“ интензивно бара руски снабдувачи. Компанијата е подготвена дури и да го финансира развојот на производството на нови производи“, изјави Дир, а пренесува „РТ“.
Тој исто така истакна дека и покрај некои тешкотии, многу компании во Русија преминуваат на ново ниво на водење бизнис. „Тоа што се сучи со руското земјоделство во текот на оваа година, претходно не можеше да се случи. Претходно русјите производители најмногу испорачуваа суовини. Моето претпријатие „Еконива“ сега не само што продава свежо млеко, туку и производи како што се јогурт, сирење и масло. Тоа значи дека освојуваме нови области“, истакнува Стефан Дир.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче