Претседателот на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека пратеници од Италија и Германија планираат го посетат полуостровот, пренесува „Газета.Ru“.
„Желба да го посетат полуостровот по посетата на Французите изразија и пратеници од Германија и пратеници од Италија. Уверен сум дека во најскоро време ќе нѐ посетат многу делегации, не само од Италија“, истакна Аксјонов.
Притоа претседателот на Крим додаде дека посетите на европските политичаи засега не се официјално потврдени. Тој истакна дека француските пратеници и поранешниот јапонски премиер Јукио Хатојама се увериле дека „овде се живее безбедно и дека нема никакви проблеми“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче