Експерт: Новиот американски ловец заостанува зад советските пандани

Советските ловци МиГ-29 и Су-27 според техничките показатели го надминуваат новиот американски ловец F-35, заклучува американскиот аналитичар Бил Френч од невладината организација „Систем на национална безбедност “.

Советските ловци МиГ-29 и Су-27 според техничките показатели го надминуваат новиот американски ловец F-35, заклучува американскиот аналитичар Бил Френч од невладината организација „Систем на национална безбедност “.

Френч е автор на извештајот под наслов „Гром без молња: високата цена и ограничениот успех на програмата F-35“.

„F-35 значително заостанува зад Су-27 и МиГ-29 што се однесува до претоварувањето на крилото (исклучок е F35C), забрзувањето при големи брзини околу брзината на звукот и односот на потиснувањето спрема тежината на авионот, објаснува аналитичарот. Освен тоа, сите модели F-35 имаат значително пониски максимални брзини во споредба со авионите развиени во СССР.  

Изработката на модел на воздушна битка прикажува „уште полоша слика“, истакнува Френч. Според неговите зборови, во 2009 година аналитичарите на военото воздухопловсто на САД и компанијата „Локид Мартин“, која работи на проектот на новиот американски ловец, истакнаа: иако F-35 има предност што се однесува до стелт технологијата и електрониката, во споредба со Су-27 и МиГ-29 треба да се очекува односот на загубите да биде 3:1. Што значи дека на секој уништен Су-27 или МиГ-29 ќе дојдат три уништени F-35.

Френч исто така го спореди F-35 со веќе користените американски авиони и истакна дека тој е „само незначително подобар“ од ловците F-16, F-18, како и од авионите „Хериер“ (Harrier) кои би требало да ги замени.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.