Ватикан: Русија би можела да донесе стабилност во Медитеранот

Руската Федерација би можела да одигра клучна улога во стабилизацијата на ситуацијата во Медитеранот, изјави секретар на Ватикан за меѓународни односи во интервју за „Ватикан Инсајдер“ ( Vatican Insider).

Руската Федерација би можела да одигра клучна улога во стабилизацијата на ситуацијата во Медитеранот, изјави секретар на Ватикан за меѓународни односи во интервју за „Ватикан Инсајдер“ ( Vatican Insider). Русија притоа би ја одиграла истата улога како и во договорот за иранската нуклеарна програма, објасни претставникот на Светата столица.

„Русија е многу значаен фактор на меѓународната сцена и мислам дека сите треба да се движиме заедно по истиот пат, а не раздвоено, а особено не треба да се напаѓаме едни со други“, изјави претставникот на Ватикан.  

Тој потсети и на разговорот на папата Франциск со претседателот на Русија Владимир Путин што се одржа на 10 јуни и кој беше посветен пред сѐ на прашањето на конфликтот во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. „Папата истакна дека е неопходно да се направат решителни напори за да се воспостаотви повторно мирот во Украина, а исто така укажа и на важноста за мирно решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“, изјави секретарот на Ватикан за меѓународни односи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.