Москва искажува загриженост, затоа што Америка на територијата на Грузија, Украина и Казахстан основа биолаборатории со зголемен степен на безбедност, кои би можеле да бидат наменети за производство на елементи на биолошко оружје, соопштува руски извор.
„Русија мора да реагира на тоа што воениот ресор на САД, во суштина, на нашата граница гради биолаборатории ло висок степен на безбедност кои, меѓу другото, би можеле да бидат наменети за производство на елементи на биолошко оружје“, изјави неименуван извор на состанокот на стручњаците од државите-членки на Конвенцијата за забрана за развивање, производство и складирање на бактериолошко (биолошко) и токсично оружје и за нивно уништување, пренесува порталот „Взгљад“.
Според податоците на руските власти, ваквите лаборатории на САД се градат во Грузија, Украина и Казахстан. Притоа овие земји немаат доволно ниво на стручност на полето на биотехнологиите за да можат на некој начин да контролираат на нивната територија и од нивната територија „американските воени лаборанти да не вршат операции кои се во спротивност со Конвенцијата“.
„За изградба на ваквите лаборатории потребни се години, значителни финансиски средства и највисоко ниво на технологија. Државите кои се во состојба да изградат вакви лаборатории можат да се набројат на прсти и ние, се разбира, водиме интензивен дијалог, помеѓу другото, и со нашите партнери од Казахстан, за тоа што навистина се случува во овој контекст и нивните односи со воениот ресор на САД“, додаде соговорникот на агенцијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче