„Министерството за култура е гласен приврзаник на безвизен режим за 72 часа – и „Ростуризм“, се разбира“, рече министерот, објаснувајќи дека тоа суштински ќе го стимулира влезниот туризам во Русија.
Според неговите зборови, претходно предлог-законот за оваа сфера бил прифатен од Думата за прво читање. Притоа, испоред мислењето на Медински, предлогот бара проширување.
„Таму има 72 часа за транзитен туризам од земји по список. Ние мислиме дека да се направи поефективен тој законски проект. Ќе зборуваме за тоа на Државен совет, ако успееме, ако имаме шанса“, додаде министерот. „Секое омекнување на визните формалности и олеснување на добивањето виза на суштински начин ќе го зголеми притокот на туристи“, заклучи првиот човек на Министерството за култура.
Станува збор за тоа, да се дозволи безвизен режим во рок од 72 часа на територијата на РФ за туристи кои транзитираат преку Русија и имаат медицинско осигурување и билети за патување. Таквиот режим веќе важи за патниците кои пристигнуваат во РФ со морски транспорт.
Идејата да им се дозволи влез на транзитни патници во земјата постои веќе неколку години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче