Медиуми: Вашингтон реши да испрати против Русија застарени авиони

Американските власти решија дека за одвраќање на „руската агресија“ во Централна и Источна Европа треба да ги испратат јуришните авиони Fairchild Republic A-10 Thunderbolt II...

Американските власти решија дека за одвраќање на „руската агресија“ во Централна и Источна Европа треба да ги испратат јуришните авиони Fairchild Republic A-10 Thunderbolt II, за кои американското воздухопловство со гини бара да бидат отпишани, пишува „Фискал Тајмс“(The Fiscal Times), а пренесува РИА „Новости“.

Од американската авоиобаза Муди (Moody Air Force Base) во Европа ќе бидат испратени 12 јуришни авиони А-10 во рамките на операцијата на НАТО Atlantic Resolve. 10 вакви авиони веќе се испорачани во Романија и Чешка од базата на американското воено воздухопловство во Аризона. Планирањето на новата мисија на јуришните авиони A-10 покажува дека Сенатот на САД не го послуша барањето на воените претставници да се откажат од користењето на овој модел.

„Военобидуваше да се откаже од користењето на овие авиони со прекар „хог“ (бодликави прасиња), затоа што тоа би овозможило заштеда од речиси 4 милијарди долари. Командата на Военото воздухопловство на САД смета дека директна авијациска поддршка на копнение сили може да се пружи со помош на други платформи, како што се стратешкиот бомбардер  Rockwell B-1 Lancer или ловецот од петта генерација F-35“, пишува Fiscal Times.

Па сепак, Сенатот не реагираше на овие апели. Вашингтон е уверен дека засега не постои адекватна замена за јуришниот авион кој ги помина и Ирак, и Авганистан. Освен тоа, во мај претставничкиот дом го одобри проектот на воениот буџет за 2016 година, вклучувајќи 683 милиони долара за одржување на „старата“ флота авиони А-10.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.