Податоците за воени загуби во мирнодопски услови остануваат државна тајна

Судот донесе одлука дека класифицирањето на воените загуби во текот на специјални операции во мирнодопски услови не го повредува правото на Русите на пристап до информации.

Врховниот суд на РФ го призна за законски указот на претседателот за класифицирање на воените загуби во мирнодопски услови. Повод за судската постапка беше колективната жалба на заштитниците на човековите права и новинарите кои сметаа дека указот ги крши правата и слободите на човекот и дека е во спротивност со важечкиот „Закон за државна тајна“.  Барателите инсистираа дека во списокот на информации кои спаѓаат под државна тајна, нема ниту збор за загубите живата сила на Вооружените сили на РФ.  

Сепак, судот ја отфрли жалбата, признавајќи со самото тоа дека класифицирањето на таквите податоци не го прекршува гарантираното со Уставот право на граѓаните да добијат и обзнанат информација. Претходно, отфрлање на жалбата во судот побара претставникот на претседателот на Русија. Таа појасни  дека објавувањето таква информација може да ја загрози безбедноста на државата.  

Указот беше потпишан и стапи на сила на 28 мај 2015 година. Дотогаш, за државна тајна се сметаше информација само за загубите на живата сила на Министерството за одбрана во воени услови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.