Пентагон одлучи да гради „одлични односи со Русија“ од позиција на моќ

САД сакаат да воспостават „одлични односи со Русија“, но планираат да ги изградат од позиција на моќ, изјави командантот на резервниот состав на копнената војска на САД генерал-полковник Џефри Тели.

САД сакаат да воспостават „одлични односи со Русија“, но планираат да  ги изградат од позиција на моќ, изјави командантот на резервниот состав на копнената војска на САД генерал-полковник Џефри Тели.

Како што изјави американскиот генерал, САД, а особено нивните вооружени сили, во сегашната криза меѓу Западот и Русија никако не сакаат да преземат некакви чекори „кои би ја провоцирале, иритирале или нарушиле“ ситуацијата, која „односите меѓу земјите би ги спуштила на пониско ниво во споредба со постојното“,пренесува „Взгљад“.

„Ние, без сомнение, сакаме да имаме одлични односи со Русија“, изјави Тели.

Истовремено, смета тој, „повеќето луѓе се залагаат тоа да го постигнеме од позиција на моќ, а не на слабост“. Тој изрази увереност дека Америка треба да ја задржи „моќта на светски лидер“.

Како што истакна Тели, Вашингтон планира да активира некои облици на својата воена активност во Европа за да ѝ испрати на Москва сигнал дека „САД се сѐ уште активно вклучени во европските работи“. Како што соопшти тој, планираните програми предвидуваат можно зголемување на присуството на резервниот состав на копнената војска во Европа.

Меѓутоа, ова присуство во Европа е релативно мало: во Европа постојано се наоѓаат околу 1200 војници на американските копнени сили. Освен тоа, тука се и побројните едниници кои редовно ротираат, додаде Тели. САД во рамките на „големата група држави сакаат да сторат сѐ што е во нивна моќ за да имаме мирна и стабилна Европа“, истакна тој.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња