Рускиот режисер и претседател на Сојузот на кинематографи на РФ Никита Михалков е награден со специјалната награда „Бокалино“ од независниот печат и филмските критичари на 68 Меѓународен филмски фестивал во Локарно, Швајцарија“ за неговиот удел во кинематографијата, соопштија од прес-службата на режисерот.
Михалков изрази желење што нема да може да присуствува на церемонијата и лично да ја прими наградата. „Предоцна дознав за добивањето на наградата и на овие датуми веќе имам планирано мастер-клас за млади актери и режисери на форумот „Таврида“ на Крим, објасни тој.
„Меѓународниот филмски фестивал во Локарно е еден од најпрестижните фестивали на авторски филм, со богата историја“, истакна режисерот. „Чувствувам голема радост што токму овој фестивал ме награди мене со специјална награда за удел во кинематографијата, уште повеќе - со награда од независната критика која многу повеќе ја почитувам од зависната“.
Минатата година оваа награда ја доби генералниот директор на Државниот филмски фонд на Русија Николај Бородачев.
На отворањето на овогодинешниот фестивал почесниот „Златен леопард“ ја доби најстариот руски режисер Марлен Хуциев, чија филмска ретроспектива ја прикажаа на смотрата.
Меѓународниот филмски фестивал во Локарно е ориентиран кон авторскиот филм и откривањето нови имиња во кинематографијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче