Русија ги повикува Западот и сириската опозиција да се концентрираат на борбата против тероризмот, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров на средбата со шефот на Националната коалиција на опозициските и револуционерни сили на Сирија Халид ал-Хоџа.
„Сите имаме интерес да се стави пречка на патот на тероризмот, сите имаме интерес за најбрзо решавање на кризата во Сирија врз основа на Женевското коминике“, истака министерот. „Најважно е тие интереси да бидат изразени преку практични координирани активности. Се надевам дека нашата средба ќе помогне да тргнеме по тој пат“.
„Работиме со сите надворешни фактори, земјите во регионот, САД и европските партнери. Ако успееме да се концентрираме на тоа што нѐ обединува сите нас, ќе можеме да постигнеме прогрес врз основа на Женевското коминике преку меѓусириски дијалог и врз основа на борбата против тероризмот“.
„Ние сме искрено заинтересирани за тоа да им помогнеме на сите Сиријци да се обединат околу клучната задача – зачувување на својата земја, обезбедување стабилност во Сирија, да не се претвори во расадник на тероризам и слични закани, потенцираше Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче