Научнопроизводствениот комбинат „Прибор“ (дел од компанијата „Техмаш“) започна со производство на муниција од нова генерација која овозможува трипати поголема ефикасност на артилеријата, соопшти генералниот директор „Техмаш“ Сергеј Русаков.
„Муниција која е изработена по нова технологија решава еден од најсложените проблеми на малокалибарските автоматски топови: го елиминира механичкото абење на цевките, што за два до три пати ја зголемува нивната трајност“, изјави Русаков, а пренесува ТАСС.
Т ој истакнува дека прокетилите имаат за 7-8% поголема почетна брзина, постабилни балистички параметри, што бво целина ја зголемува борбената ефикасност и обезбедува значителен (до три пати) пораст на борбената ефикасност на автоматските артилериски системи кои се наоѓаат во состав на војската и морнарицата.
„Автоматизированата линија за производство на муниција е потполно разработена и воведена во Ногинската филијала на компанијата „Прибор“ и нема пандан. Сериското производство на малокалибарска муниција бараше принципиелно нова технологија и опрема во сите фази на производството“, истакна генералниот директор на „Техмаш“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.