„Путин ќе отиде онолку далеку колку што ќе му се дозволи. Нему му е потребна цела Европа. Путин со анексијата на Крим и агресијата на истокот на Украина го уништи целиот систем на меѓународна безбедност. Дали е можна агресија против Финска? Да. И Финска добро го знае тоа. Дали е можна агресија во балтичките земи? Секако. Дали е можно тоа на црноморските простори? Да“, изјави Порошенко.
Украинскиот претседател додаде дека затоа украинските војници се борат не само за Украина, туку и за цела Европа.
„Кога зборуваме за Украинците кои се борат на истокот на нашата земја, ние не зборуваме само за борба за територијалниот интегритет и независноста на Украина. Ние се бориме за демократија, слобода и безбедност на целиот европски континент“, објаснува Порошенко.
Зборувајќи за тешката економска ситуација во земјата, Порошенко за таквата ситуација во целост ја обвини Русија. „Нашите национални богатства се намалија и за тоа постои едноставно објаснување: 25% од индустриското производство се наоѓа на окупирана територија. Освен тоа, уште 10% од индустрискиот потенцијал е уништено во војната или е демонтирано и однесено во Русија. Потоа, освен агресијата на истокот на земјата и анексијата на Крим, Русите го затвораат за нас својот пазар. Тие почнаа масовна трговска војна против Украина и ги кршат правилата на Светската трговска организација. Ние интензивно бараме нови пазари. Тоа е веројатно едно од најголемите искушенија кои ни ги намени нашиот агресор“, смета Порошенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.