Командантот на ВВС Украина пристигна во Грузија да го проучи искуството од војната со Русија

Командантот на воздухопловството на Украина генерал-мајор Сергеј Дроздов во четвртокот разговараше во грузискиот генералштаб, изјавувајќи дека меѓу другото го проучува и искуството од војната во 2008 година.

Грузиската страна во разговорите ја претставуваше началникот на генералштабот генерал-мајор Вахтанг Капанаѕе, изјавија за „Взгљад“ од грузиското Министерство за одбрана.

Стануваше збор за продлабочување на соработката меѓу воените пилоти на двете земји, како и за можната соработка на воената индустрија и модернизацијата на воената техника, за што е одлучено да се изработи специјален план за соработка. 

Капанаѕе изјави дека украинската делегација ја интересира искуството на грузиските војници што го добиле во текот на војната во 2008 година со Русија.

„За жал, кај нас на Украина сега е слична ситуацијата“, изјави Дроздов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња