Русија е една од најопасните земји за САД, смета началникот на штабот на копнените сили на армијата на САД генерал Рејмонд Одиерно. Ова тој го изјави на брифингот во Пентагон во средата, 12 август. Неговите зборови ги пренесува РИА Новости.
„Мислам дека Русија е најопасна поради низа причини. Пред сѐ, таа е подобро подготвена од останатите наши потенцијални противници“, изјави генералот.
На пример, Русија „има сериозни можности да спроведува реално сложени операции во Украина“, смета тој.
Во врска со тоа Одиерно смета дека е неопходно да се прошири воениот потенцијал на НАТО во Источна Европа. „Ние треба да продолжиме со преориентацијата на НАТО на планот на воените можности“, изјави американскиот генерал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче