Научноистражувачкиот институт за производство на инструменти (во состав на концернот „Алмаз-Антеј“) разработува проект за противвоздушен ракетен систем од нова генерација, кој ќе биде продолжеток на серијата „Бук“. Ова го соопшти генералниот директор на научноистражувачкиот институт Јуриј Бели, а пренесува Lenta. Ru.
„Раководството на концернот „Алмаз-Антеј“ си постави за задача да развие предлози за понатамошен развој на линијата за противвоздушниот ракетен систем „Бук“. Со овие предлози ние заедно со концернот ќе се обратиме до Министерството за одбрана. Без да ја чекаме конечната одлука, институтот со целосна поддршка од концернот веќе денес работи на напредни технички решенија“, изјави Бели.
Во моментов во Русија постои уште една модификација на ова семејство - 9К317М „Бук-М3“. Таа би можела да стане дел од вооружувањето веќе есенва. Во соопштението на научноистражувачкиот институт се работи за напреден модел кој би можел да биде создаден во иднина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче