Во Дагестан ликвидиран водачот на терористичката група „Кавкаски Емират“

Во понеделникот во Дагестан е ликвидирана терористичка група.

Во понеделникот во Дагестан е ликвидирана терористичка група. Меѓу терористите е идентификуван водачот на групата „Кавкаски Емират“ Могамед Сулејманов, пренесе „Росијскаја газета“.

Антитерористичката операција во Унцукулскиот реон на Дагестан е извршена рано наутро, откако полициските сили добиле информација за движењето на групата терористи. За да се избегнат загуби меѓу припадниците на полицијата, терористите биле бомбардирани од авион. Полицијата предвидела дека терористите ќе се обидат да се скријат од бомбардирањето и им поставила заседа. Четворица терористи се ликвидирани. Во текот на борбата е ранет еден припадник на специјалната единица.

Неколкумина терористи побегнале.

Меѓу убиените е идентификуван Могамед Сулејманов, водач на групата „Кавкаски Емират“ која е забранета во Русија, како и членовите на неговата банда Камил Саидов и Абдула Абдулајев. По Сулејманов беше распишана потерница поради убиство на началник на Унцукулската реонска полиција.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња