НАТО презеде нови активности за да ги зачува отворени политичките и воени канали со РФ. Ова го изјави претставникот на Северноатланската алијанса Кармен Ромеро во Брисел.
„НАТО веќе презеде нови иницијативи за да ги задржи политичките и воени канали со Русија отворени. Воените вежби на НАТО се отворени за набљудувачи, вкличително и за Русија“, се истакнува во изјавата.
Според зборовите на Ромеро, НАТО дало до знаење дека не бара конфронтација со РФ. „Повеќе од две децении ние се трудевме да изградиме односи на соработка со Русија“, истакна претставникот на Алијансата.
На крајот на јуни генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО не се стреми кон обнова на конфронтацијата и трка за вооружување со Русија, но е должна да обезбеди заштита за своите земји-членки. „НАТО не бара конфронтација и трка за вооружување со Русија, но Алијансата одговара за безбедноста на своите членки. Ние ќе одговараме на сѐ порешителните дејства на Русија на Истокот, но ќе го правиме тоа на одговорен и пропорционален начин со целосно почитување на нашите меѓународни обврски“, истакна Столтенберг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче