Порошенко повторно побара миротворци за Украина

„Мисијата на ОБСЕ е од животно значење за нас, но тоа не е доволно“, изјави претседателот на Украина Петро Порошенко

Претседателот на Украина Петро Порошенко уште еднаш изјави за потребата од формирање и распоредување миротворци во неговата земја. Ова тој го изјави во опширното интервју за францускиот весник „Либерасион“ кое беше објавено на 12 август, а кое го пренесоа и австрискиот „Куриер“ и финскиот „Хелсингин Саномат“.

„Мисијата на ОБСЕ е од животно значење за нас, но тоа е недоволно“, потенцираше Порошнеко. „Токму поради оваа причина сметаме дека е неопходно распоредување на мировни сили“.

Врховната рада на Украина на 4 јуни донесе закон кој дозволува распоредување странски контингент за одржување на „мирот и безбедноста во земјата“.

Претходно министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров изјави дека распоредувањето миротворци на ООН во Украина би значело поделба на земјата на два дела“.

„Сѐ, што сега се предлага и прави од страна на Киев небаре е специјално насочено кон тоа да се подели земјата. Или да се задушат ДНР и ЛНР, или воопшто да се исфрлат од состав на украинската држава. Кон тоа целат економската блокада, неисплаќањето на социјалните давачки, изјавата дека тие нема да разговараат со оние што ја потпишале Минската спогодба“, изјави министерот Лавров.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.