Медиум: Кој е против Путин, тој е „борец за слобода“, макар да е и терорист

Политиката лесно ги претвора пријателите во непријатели, пишува австрискиот „Контра магазин“ ( Contra Magazin).

Политиката лесно ги претвора пријателите во непријатели, пишува австрискиот „Контра магазин“ ( Contra Magazin). Притоа Америка е „добра” 110%, а главното „зло” за Запад е, се разбира, Владимир Путин.

Одбранбената индустрија е крајно важна за Германија, истакнува авторот на статијата. Во неа работат речиси 200 илјади луѓе, и таа е „причина за гордеење“. Освен тоа, Германија е трет извозник на оружје во светот. Се разбира, тоа е неопходно, за да можат со помош на оружјето „добрите” да се бранат од „лошите”, тврди новинарот. Според неговите зборови, сѐ е мошне едноставно: „лошите” имаат многу нафта која им е потребна на „добрите“, за да можат да продолжат да живеат како што навикнале, „како бубрези во лој“.

Башар Асад во Сирија се смета за мошне лош, тој е 90% зло, објаснува авторот. Тука се работи за нафтата и за цевководите, но тоа сѐ уште не е сѐ, затоа што Асад (90-процентно зло) негува пријателски односи со Путин (100-процентно зло), објаснува тој.

Во овој систем на вредности Западот е 100% добар, а Русија 100% лоша, продолжува изданието. Понекогаш може дури и да се соработува со оние кои се 60% лоши (исламските екстремисти), за да се борат против нив оние кои се 90% лоши (Башар Асад). Садам Хуесин  долго беше 70% добар, истакнува авторот, но подоцна стана 90% лош, затоа што не сакаше повеќе да го работи она што добрите, помеѓу другото, САД (110% добро), сакаа.

Слично беше и со Гадафи. Сега сите лоши се мртви, а Асад треба да им се придружи, затоа што тој е исто така лош, пишува авторот. Затоа „борците за слобода“ во Сирија долги години добиваа финансиска помош од ЦИА (100% добро) – сѐ додека не им здодеа да ги слушаат„добрите“ и тогаш ја основаа „Исламската држава“. Тогаш од „добри“ брзо се претворија во 90% „лоши”, се наведува во статијата.

„Меѓутоа, тие, се разбира, ни приближно не се толку лоши како Путин – тој е надвор од конкуренција“, пишува изданието. Ако Исламската држава со цел би се борела против Путин, тогаш нејзините членови во вестите не би ги нарекувале терористи, туку борци за слобода, и од лоши би се претвориле во добри (80%), тврди авторот на статијата. По повод воздушните напади врз оние кои Западот ги нарекува „лоши“, Западот вели: смртта на луѓе, се разбира, е многу жална. Но со помош на ракетите можат да се прават како добри, така и лоши работи. „Ние правиме само добри работи, затоа што по дефиниција сме добри“, пишува авторот. „А ако гинат луѓе, тоа со нас нема никаква врска“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња