Слабеењеето на јуанот директно нема да има суштинско влијание врз ситуацијата на финансискиот пазар на РФ и врз динамиката на курсот на рубљата, меѓутоа во среднорочна перспектива ќе придонесе за нејзино зајакнување, соопштија од Банката на Русија.
Народната банка на Кина во вторникот го намали за 1,9% официјалниот курс на јуанот спрема доларот, а во средата го намали курсот уште за 1,6%, до ниво на 6,3306 јуани за 1 долар. ЦБ истакна дека оваа мерка била единечна, додавајќи дека ќе ја поддржува стабилноста на јуанот на „рационално“ ниво и ќе ја зајакнува улогата на пазарот во определувањето на фиксирањето.
„Девалвацијата на јуанот директно нема да има суштинско влијание врз ситуацијата на рускиот финансиски пазар и врз динамиката на курсот на рубљата: обемот на зделки со јуанот на внатрешниот монетарен пазар е крајно незначителен во споредба, на пример, со обемот на зделки со американскиот долар или со еврото“, потенцираа од Банката на Русија.
Истовремено ЦБ РФ смета дека „во среднорочна перспектива може да се очекува дека слабеењето на јуанот ќе придонесе за пораст на кинескиот извоз и заживување на економскиот раст. Тоа како краен резултат благотворно ќе се одрази на глобалните цени на суровините, вклучувајќи ги и на нафтата, што ќе придонесе за зајакнување на рубљата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче