Амбасадор на ЕУ во РФ: Потребно е да се искористат сферите на односите со Русија на кои санкциите не се однесуваат

ЕУ и РФ ги обединува не само заедничкиот континент, заедничката историја, но и сериозниот потенцијал за соработка, истакна Вигаудас Ушацкас, амбасадор на ЕУ во РФ

ЕУ треба поактивно да ги користи за позитивен дијалог со Русија сферите на односи на кои санкциите не се однесуваат, изјави амбасадорот на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас.

„Дури и во услови на најсилни кризи и конфликти потребен е диајлог. Не смее да се дозволи замрзнување на врските до кои санкциите не допреле“, изјави тој.

Амбасадорот во интервју за весникот Lietuvos žinios призна дека претходното „стратешко партнерство на ЕУ и Русија се претворило во стратешки проблем“, чие решение не треба да се одлага за подоцна.

Без Русија, која претставува нуклеарна суперсила, членка на Советот за безбедност на ООН и важен трговски партнер на ЕУ со годишна трговска размена од 300 милијарди евра, тешко е да се решат таквите проблеми како што е борбата со „Исламската држава“, војната во Сирија, конфликтот на Блискиот Исток, ситуацијата во Авганистан“, истакна Ушацкас.

Според неговите зборови, ЕУ сега „ги ревидира односите со Русија имајќи ги предвид разликите во гледиштата, но со разбирање на заемната зависност во сферата на трговијата, инвестициите, енергетиката и меѓународната политика“.  

„Претпоставувам дека во нашите односи ќе има помалку амбициозни планови, ќе станат попринципиелни и попрагматични“, изјави дипломатот.

Тој истакна дека ЕУ и Русија ги обединуваат не само заедничкиот континент, заедничката историја, но и сериозниот потенцијал за соработка.

„Ние живееме во услови на меѓусебна финансиска, економска и политичка зависност, кога методите на пречките и забраните не носат со себе позитивни нешта“, истакна Ушацкас.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.