Медиум: Дали е вистина дека во Америка има помалку корупција отколку во Русија?

Во руската корупција веруваат и во САД, и во Европската унија, и тоа на највисоко ниво, пишува новинарот Џером Израел за „Балтимор Сан“ (The Baltimore Sun).

Во руската корупција веруваат и во САД, и во Европската унија, и тоа на највисоко ниво, пишува новинарот Џером Израел за „Балтимор Сан“ (The Baltimore Sun). Тој наведува некои примери за корупција во Русија и истражувања кои покажуваат на колку високо ниво во Русија се забележува. Меѓутоа, тој смета дека Америка не заостанува зад Русија во корупцијата, само што се користат поинакви, пософистицирани методи.

„Ако се сетиме на некои наши закони и тоа како се однесува нашата сопствена политичка класа, ваквите изјави (за корупцијата во Русија) почнуваат да изгледаат како потполно лицемерие.  Американските политичари би требало да се погледнат себеси и да престанат да замижуваат на едното око“, пишува новинарот.  

Тој потоа наведува неколку примери за системска корупција во Америка. Еден од тие примери е усвоениот закон за буџетските трошоци, кој им овозможува на банките да реализираат крајно ризични инвестиции, а во некои случаи нивните загуби да ги плаќаат даночните обврзници.

Втор пример се трговските договори кои ги разгледува американскиот Конгрес и чии детали се тајна. „Американците не знаат што се наоѓа во тие договори, а повеќето од конгресмените очигледно не ги ни прочитала. (...) Тоа е законодавство во советски стил“.  

Уште еден пример е системот на лобирање. „Дописник на „Си-Ен-Ен“ изјави дека 78 конгресмени меѓу членовите на семејството има официјално регистрирани лобисти. Нив ги има околу стотина и вкупната сума на нивните лобистички договори изнесува околу две милијарди долари. Русите добро го  познаваат едноставното мито – со коверти, итн. Ние во САД сме специјализирани за „меко мито“. Ако се грижиш за роднините на конгресмените, конгресменот ќе се грижи за тебе“, објаснува американскиот новинар.  

Тој на крајот се прашува што ги прави американските политичари подобри од руските кои толку гласно ги осудуваат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.