За да се совлада агресијата во Донбас, на Украина ѝ е потребна привремена концентрација на целокупната власт во рацете на претседателот, изјави за каналот „112 Украина“ поранешниот претседател на Украина Виктор Јушченко.
Според неговите зборови, воената и финансиската моќ за време на воениот конфликт треба да биде концентирарана во рацете на врховниот командант. Јушченко како пример ја наведе ситуацијата во која се најде Украина на почетокот на својата независност.
„Ми се чини, ако зборуваме за реформи, потребно е да се спорведат три реформи. Првата е: како да се добие војната на истокот. Ако за таа цел треба да се зголемат овластувањата на претседателот, на пример, на 12 месеци, ајде да ги зголемиме. Како што се правеше во 1991-92 година кога Украина стекна независност, немавме законодавна рамка, премиерот Леонид Кучма предложи: „Дајте ми на 12 месеци право да издавам декрети. И за 12 месеци многу лесно ја прилагодивме законодавната рамка за оние предизвици, промени на државноста со кои се соочивме, изјави Јушченко, пренесува порталот „Политнавигатор”.
„За кратко време треба да се формира штаб а врховниот командант и во него да се сконцентрира не само воената, туку и финансиската моќ, да се поедностават некои економски опроцедури и односи. Ми се чини дека тоа е патот што денес ѝ е потребен на Украина за да се избори со предизвикот број еден, а тоа е агресијата на истокот на земјата“, изјави Јушченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче