Австралиски медиуми: Рускиот Т-50 убедливо го надминува F-35

Американскиот авион F-35 тешко може да се носи со рускиот Т-50.

Ловецот Т-50 (ПАК ФА) е најновиот модел на руски борбен авион, пишува австралискиот портал news.com.au. Тој ги поврзува стелт-технологијата со исклучителнте маневарски способности и со богатата колекција сензори и оружје. Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека Т-50 ќе стапи во активна служба до 2020 година, иако почетната нарачка од 50 авиони е намалена на само 12 авиони.

Видео-снимката од рускиот авион покажува со какви исклучителни маневарски способности треба да се носи F-35, што тешко може да му појде од рака, пишува австралискиот портал.

Претходно руската современа конструкторска наука го привлече вниманието кога индиски Су-30 од руско производство ги надминаа британските ловци „Тајфун“ на натпреварување.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња