Захарова: Никој не го влечеше Обама за јазик

Директорката на одделението за информирање на МНР РФ Марија Захарова изјави во интервју за каналот „Русија 24” дека претседателот на САД Барак Обама „никој не го влечеше за јазик“ кога по постигнатиот договор околу иранската нуклеарна програма рече дека ќе ги ревидира плановите во врска со системите за ПРО во Европа

Директорката на одделението за информирање на МНР РФ Марија Захарова изјави во интервју за каналот „Русија 24” дека претседателот на САД Барак Обама „никој не го влечеше за јазик“ кога по постигнатиот договор околу иранската нуклеарна програма рече дека ќе ги ревидира плановите во врска со системите за ПРО во Европа, пренесува „Взгљад”.

„Рускиот министер го цитираше американскиот претседател кого никој не го влечеше за јазик. Тој самиот рече уште пред неколку години дека решението на проблемот околу иранската нуклеарна програма овозможува ревидирање на плановите за изградба на системот за противракетна одбрана во Европа“, рече Захарова.

„Ние само цитираме и го потсетуваме американското раководство на она што самото го кажа пред неколку години. Сите тие изјави се достапни и објавени официјално. Овде веќе нема да можат да се извлечат. Треба да се сноси одговорност за своите зборови или да се зборува за тоа колку вредат зборовите на претседателот“, истакна Захарова.

Таа додаде дека МНР Русија ги вложува сите напори со цел ставот на државата да се слушне подобро. „Многумина наши странки колеги, и дипломати, и новинари и обични луѓе велат дека мораме да зборуваме погласно, затоа што не се слушаме добро во Европа и САД како што би требало“, рече претставничката на МНР РФ. „Ние не ја симнуваме одговорноста од МНР РФ. Многу нешта се веќе направени, но е потребно да се направи многу повеќе за да нѐ слушнат“, заклучи Захарова.  

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров претходно изјави дека изјавата на претседателот на САД Барак Обама за тоа дека веќе не постои потреба од распоредување ПРО во Европа по решавањето на проблемот околу иранската нуклеарна програма не е вистинита. Стејт департментот потоа го прекори министерот за надворешни работи на Русија за селективно читање и игнорирање на фактите од излагањето на Обама за проблемите на американската противракетна одбрана.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња