Производителот на системите „Град” и „Смерч” дизајнираше робот-медицинска сестра

Компанијата од Тула „НПО Сплав” која ги проектираше повеќецевните ракетни фрлачи „Град“ и „Смерч“ заедно со Московскиот државен универзитет (МГУ) го произведе роботот-медицинска сестра „Ангел”, соопшти генералниот директор на концернот за производство на муниција „Техмаш” Сергеј Русаков

Компанијата од Тула „НПО Сплав” која ги проектираше повеќецевните ракетни фрлачи „Град“ и „Смерч“ заедно со Московскиот државен универзитет (МГУ) го произведе роботот-медицинска сестра „Ангел”, соопшти генералниот директор на концернот за производство на муниција „Техмаш” Сергеј Русаков, а пренесува РИА „Новости”.

 „Тулскиот „НПО Сплав„ заедно со МГУ разви медицински систем кој досега нема аналог: таканаречениот робот-медицинска сестра „Ангел“. Исто така, „Сплав“ започна со производство на медицински прибор кој овозможува процена на состојбата на биолошкото ткиво во текот на вршењето хируршки зафати“, рече Русаков.

„НПО Сплав”, кој е во состав на концернот „Техмаш” и „Ростех”, е водечка компанија во Русија за производство на реактивни системи за плотунски оган. Токму овде се дизајнирани системите  БМ-21 „Град” како и повеќецевните ракетни фрлачи „Ураган” и „Смерч”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња