Ветото на Русија во Советот за Безбедност по повод создавањето трибунал за падот на малезискиот „Боинг“ ја спаси репутацијата на Советот за безбедност на ООН, изјави спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин во својата статија објавена во понеделникот, 10 август, во „Росијскаја газета“.
„Руското вето, во суштина, го спаси угледот на Советот за безбедност – затоа што одлуката на таквиот трибунал би била ноторна лага и незаконска“, истакна тој.
Наришкин исто така смета дека САД „веројатно сега ќе инсистираат на дискусија во други – макар и незадолжителни за спроведување – формати“. „Имено Вашингтон е заинтересиран за нестабилност што им дава на САД време за продолжување на старите и почнување на нови грабежи. Само заради тоа им е потребна нова врева околу катастрофата со „Боингот“, каде одамна е уфрлена од нив самите верзија на причините“, потенцира претседателот на Државната дума.
Според неговите зборови, САД и натаму „ќе создаваат постојано нови поводи за разгорување на антируско расположение во Европа“. „Тие дури и Советот за безбедност на ООН се обидуваат да го претворат во арена за својата пропаганда која и онака ги помина сите можни граници“, истакнува Наришкин.
„А што се однесува до меѓународниот трибунал, тој ќе се случи некогаш поради други причини за разлика од оние на сегашните нарачатели. И некогаш навистина објективен и професионален суд ќе ги земе предвид сите факти, вклучувајќи ги и оние за кои денес напишав. Ќе има таков трибунал, а не некаков друг“, резимира Наришкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче