Привремената одредба за протерување на непожелни лица од архипелагот Шпицберген, донесена од државниот совет на Норвешка на 7 август, не соодветствува со духот на меѓународната соработка и Москва го изразува својот протест против тој непријателски чекот, изјавија од МНР Русија.
„Постапките на норвешката страна не соодветствуваат на духот на меѓународната соработка за Шпицберген врз основа на договорот за Шпицберген од 1920 година. Одлучно протестираме против наведениот непријателски чекор и бараме итна ревизија на воведените ограничувања“, се вели во соопштението на сајтот на МНР Русија.
„Руската страна исто така обрнува внимание на тоа, дека наведената мерка на норвешките власти ги допираат интересите не само на Русија, но и на сите земји-потписнички на договорот од 1920 година, без чија согласност Норвешка нема право да воведува правила кои го ограничуваат режимот на слободен пристап на архипелагот воспоставен со тој меѓународен договор“, изјавија од Министерството.
На 7 август државниот совет на Норвешка донесе времена одредба за протерување на непожелни лица од архипелагот Шпицберген кој е сувереност на Норвешка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче