Саакашвили вети дека ќе ѝ го одземе на Русија „Патот на свилата“

Трговските текови на кинескиот проект „Патот на свилата“ треба да се насочат кон пристаништето во Иличевск во Одеската област, изјави губернаторот на регионот Михаил Сакашвили, пренесува „Взгљад”.

Трговските текови на кинескиот проект „Патот на свилата“ треба да се насочат кон пристаништето во Иличевск во Одеската област, изјави губернаторот на регионот Михаил Сакашвили, пренесува „Взгљад”.

„Сега имаме нов план: „Патот на свилата“. Логистиката преку Русија трае 30 дена, а преку Иличевск трае најмногу 10 дена. Сѐ е веќе изградено. Потребно е да се донесат големи текови. И тоа е можно да се направи“, рече Саакашвили.

Според него, потребно е да се изгради пат до градот Рени на југоистокот на Украина, да се направи мост преку устието на Днестар, да се подобри патот до Киев и да се отстранат пречките како што се „корупцијата, беззаконието и интересите на олигарсите”.

Пртседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Ѓинпин на 8 мај потпишаа во Москва изјава за стратешка соработка и учество во изградбата на проектот „Патот на свилата“. Овој проект подразбира изградба на трговски коридор меѓу земјите во централна и јужна Азија и Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња