Франција ја отвора сезоната на летна распродажба обидувајќи се да се ослободи од двата носачи на хеликоптери од класата „Мистрал” со руски имиња и дупки на местата каде што претходно имаше опрема, пишува Жак Мартинез за „Boulevard Voltaire”, а пренесува „Взгљад”.
Авторот на статијата пишува дека претседателот на Франција и командантот на Вооружените сили, заедно со министерот за одбрана Жан-Ив ле Дриан, извојувале голема победа над Русија и се осветиле за Наполеон со тоа што ги натерале Русите да капитулираат. „Тоа може да се сфати од нивниот блажен и задоволен израз што го имаа откако од Путин изнудија договор за испорака на „Мистралите“, пишува магазинот.
Француското издание наведува дека новиот купувач многу лесно може да ѝ ги препродаде „Мистралите“ на Москва. Освен тоа, истакнува аналитичарот, бродовите е можно да ѝ бидат продадени само на некоја од поранешните советски републики, на пример, Украина, со оглед на тоа дека сите натписи се на руски јазик. Во секој случај, смета аналитичарот, за да се продадат носачите на хеликоптери, потребно е значително намалување на цената. Според неговите зборови, и покрај уверувањата од Ле Дриан, купувачите не се туркаат на пристаништето.
Меѓу малубројните потенцијални купувачи се наведуваат Канада, Индија, Сингапур и Кина. Доколку бродовите ги купи Канада, која е членка на НАТО, таа најверојатно ќе ги задржа за себе. Меѓутоа, ако „Мистралите“ ги купи Кина, која е сојузник на Русија и со неа го основа ШОС за да се спротивстават на влијанието на САД во Азија, изданието пишува дека е многу веројатно бродовите да ѝ бидат препродадени на Москва за добра цена. На крај, Русија може да ги добие своите „Мистрали“ за помала цена од претходно предвидената во договорот со Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче