САД активно се мешаат во работите на финансиските институции во Европа, за да ја спроведат целта на својата надворешна политика, пишува германското издание на „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ (Deutsche Wirtschafts Nachrichten), а пренесува РИА „Новости“.
„Американците сега започнаа постапка против „Дојче Банк“. Вашингтон притоа сака со еден потег да убие две муви: одлучно да инсистира Европејците да ги спроведат антируските санкции и да го ослаби европскиот финансиски сектор“, се вели во статијата.
Зад постапката против германската банка стојат политичките интереси на САД, смета изданието. „Европските финансиски институции сѐ почесто искажуваат незадоволство кога берзанскиот надзор на САД спроведува полички мотивирани истраги. Денес Вашингтон ја сомничи „Дојче Банк“ дека го крши режимот на антируски санкции. За германската банка тоа е само една од речиси илјада истраги, но таа очигледно е политички мотивирана“, пишува авторот на статијата.
„Дојче Банк“, според Американците, вршела трансакции од сметките на лица кои се наоѓаат на списокот со санкции. Ваквото обвинување ја покажува американската стратегија насочена како против Русија, така и против Европа, смета весникот. „Американскиот берзански надзор воопшто не размислуваше во текот на изминатите години на европските претпријатија да им пропишува драконски казни од милијарди долари. Поради тоа растат политичките несогласувања меѓу ЕУ и истражните органи на САД“, сметаат авторите на статијата. „Разбојничките напади” на САД врз европските претпријатија не завршуваат со тоа, заклучува германското издание.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче