„По сериозни преговори ФИБА донесе одлука на нашите репрезентации во кошарка да им биде дозволено учество во сите натпреварувања во организација на ФИБА. Така што спортскиот дел воопшто нема да биде засегнат“, ги цитира ТАСС зборовите заменик-министерот за спорт на РФ Павел Колобков кој учествуваше на седницата на централниот одбор на ФИБА во Токио.
Тој исто така изјави дека ФИБА не ја укина дисквалификацијата за официјалните лица на Руската кошаркарска федерација. „Дисквалификацијата останува за официјалните лица на РКФ. Продолжуваме со консултациите за разрешување на тековната ситуација“, изјави Колобков.
Новото раководство на Руската кошаркарска федерација ќе достави писмени гаранции до ФИБА во кои ќе има ветување дека нема да дозволи повторување на ситуацијата во која нејзините официјални лица ќе бидат прогласени од судот за нелегитимни, изјави министерот за спорт Виталиј Мутко.
„Ние разбираме кои проблеми ги имаме кај нас во кошарката. Основниот е – не многу мазно раководење. Но ние ќе одржиме конференција и, се надевам, наскоро сѐ ќе се реши. ФИБА бара од нас гаранција: нема ли да се повтори ситуацијата кога ќе се одржат избори и некој одново да ги оспори? Затоа ние сакаме да потпишеме определен меморандум дека по изборната конференција ние ќе имаме јасно, легитимно раководство во федерацијата“, изјави Мутко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче