Продолжувањето на политиката со санкции против Русија неизбежно ќе доведе до точката на прекршување во односите со САД по која соработката меѓу Москва и Вашингтон во сферите каде без неа не се може, ќе биде крајно отежната, смета британскиот политички аналитичар Кристофер Вокер во интервју за иранската телевизија „Прес ТВ“ (Press TV), анализирајќи ја реакцијата на Кремљ на новите санкции.
Санкции, несомнено, негативно ќе се одразат на билатералните односи, смета Вокер. На секои неколку месеци Западот ги засилува ограничувањата, а овојпат ја допреа и нафтената индустрија. Ова, според Вокер, ќе создаде компликации за руската енергетска политика. Тензиите во односите ја докажува ситуацијата со вооружувањето на НАТО на границите со Русија.
Истовремено британскиот аналитичар се согласува со портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во однос на тоа дека санкциите ќе немаат никаков ефект врз позицијата на Кремљ за Украина. Исто толку бесполезна ја смета Вокер забраната за низа руски функционери да ја патуваат во земји кои ја поддржуваат политиката со санкции на САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче