Американски сенатор: Русија на Арктикот игра шах, а ние икс-нула

Руското барање за проширување на границите на арктичкиот континентален гребен е резултат на надворешнополитичките грешки на Барак Обама, соопштија американските конгресмени од Републиканската партија, а пренесува „Фокс Њуз“.

Руското барање за проширување на границите на арктичкиот континентален гребен е резултат на надворешнополитичките грешки на Барак Обама, соопштија американските конгресмени од Републиканската партија, а пренесува „Фокс Њуз“ (Fox News).

Стејт департментт на САД во коментарот за „Фокс Њуз“ изјави дека Москва постапува во согласност со вообичаената процедура која е предвидена од Конвенцијата на ОН за поморското право. Меѓутоа, конгресмените-републиканци во потезите на Русија видоа „агресивно истакнување претензии на Арктикот“, како што се изрази претседателот на комитетот за меѓународни прашања на Конгресот Ед Ројс.  

„Русија на Арктикот игра шах, а нашата администрација и понатаму мисли дека тоа е икс-нула“, изјави сенаторот Ден Саливан. 

Според него, додека Русија ја зајакнува својата воена моќ во регионот, САД ја намалија бројноста на силите во единствената арктичка држава – Алјаска. „Тоа е стратешка грешка на Барак Обама”, уверен е сенаторот. 

Портпаролот на комитетот на Конгресот за природни ресурси Џулија Слингсби во руското барање виде „плод на катастрофалната политика на администрацијата на Обама“. „Обама му даде на светот јасен сигнал кој Русија добро го сфати, дека нашата земја по прашањето на енергетиката повеќе сака да биде слаба“, изјави Слингсби.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња