„На Турција ѝ испративме два предлога. Едниот предлог е за изградба на еден крак, а вториот за четири краци на гасоводот. Турската страна ги разгледува овие предлози“, изјавија од прес-службата на Министерството за енергетика на РФ за агенцијата ТАСС, а пренесува весникот „Взгљад”.
Во петокот, 7 август, беше соопштено дека рускиот холдинг „Гаспром” ја преиспитал конфигурацијата на гасоводот „Турски тек“. Тој би можел да биде два пати, па и четири пати помал од порано најавуваниот формат од четири краци на гасоводот за 63 милијарди метри кубни гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.