Премиерот на РФ Дмитриј Медведев на годишнината од агресијата на Грузија против Јужна Осетија го нарече единствен начин за опстанок на државите мирното решавање на внатрешните држави. Ова тој го напиша на својата страница на Фејсбук, пренесува ТАСС.
„Настаните од последно време уште еднаш нѐ уверуваат дека мирното решавање на внатрешните конфликти е единствениот начин за опстанок на народите и државите“, истакна тој.
Медведев потсети дека Грузија ја нападна Јужна осетија пред седум години, користејќи тешка артилерија, тенкови, авијација. „За неколку часови беа убиени и ранети илјадници луѓе, загинаа руски мировници кои во согласност со мандатот на ООН беа повикани да о обезбедуваат мирот“, напиша премиерот. „Нивните убиства беше најгрубо кршење на меѓународното право, најтежок престап“, потенцираше тој.
„Русија одговори жестоко, но адекватно, во рамките на нормите и принципите на националното и меѓународното право“, напиша Медведев, кој во тоа време беше претседател на државата. Главна цела на дејствијата на Русија беше да се спречат смрт на луѓето и хуманитарна катастрофа“, истакна тој.
Медведев потенцираше дека Русија секогаш се стремела кон мир на Кавказ. „Денес помагаме да се воспостави мирен и безбеден живот во Абхазија и Јужна Осетија“, истакна премиерот на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче