Руското „тајно оружје” би можеле да бидат роботизирани системи и беспилотната техника, пишува аналитичарот Блејк Франко за „Национален интерес“ (The National Interest), а пренесува РИА „Новости”.
Според него, во современата политика на Русија може да се види јасна заемна врска меѓу воената моќ и наворешнополитичките амбиции на државата. Со оглед дека е тешко да се постигне надмоќ кога се работи за усовршување на конвенционалните типови на вооружување и тактики, решението би можело да биде модернизацијата на беспилотната техника.
Русија и порано детално го разгледуваше концептот на воведување на оружје со автоматско управување, пишува магазинот. Последните години Москва не жалеше средства за развој на роботизирани системи во рамките на модернизацијата на вооружените сили. Така, на пример, се појави информацијата за тоа дека тенкот Т-14 „Армата” може да биде првиот целосно автоматизиран тенк на светот.
„Обидот за развој на беспилотни летала е длабоко поврзан со стремежот на Русија да го остави зад себе советскиот воен систем, кој со успех ја реализираше идејата: количината е нашиот квалитет“, смета Франко.
Новинарот истакнува дека развојот на автоматизираните системи и средства за беспилотна авијација може да доведе до трка во роботизираното вооружување и во глобална смисла до милитаризација на вештачката интелигенција, како што претходно предупредуваа познатиот начуник Стивен Хокинг и претприемачот Илон Маск.
„Појавата на Скајнет (Skynet – измислен суперкомпјутер на Пентагон од холивудските филмови „Терминатор“) е можеби малку веројатна, но на полето на современите судири, кое и без тоа е сѐ посложено, ќе има сѐ повеќе непознати“, пишува магазинот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче