Кремљ со коментар на проширувањето на американските санкции

Санкциите на САД немаат значително влијание врз економијата на Русија, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи го вклучувањето на Јужнокириското наоѓалиште на „Гаспром“ во списокот со санкции.

Санкциите на САД немаат значително влијание врз економијата на Русија, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, коментирајќи го вклучувањето на Јужнокириското наоѓалиште на „Гаспром“ во списокот со санкции.

„Несомнено, не можеме да кажеме дека санкциите воопшто не влијаат. Но исто така не може да се каже и дека санкциите на клучен начин ќе влијаат врз некои гранки од руската економија. Економијата покажува стабилност. Затоа не мислам дека може да се зборува за некакво, да речеме, значително и систематско влијание на ваквите мерки кои ние не ги сметаме за успешни, легитимни, а што е најважно, ги сметаме за кратковиди“, изјави Песков, а пренесува „Взгљад”.

„Ние својот став за суштината на санкциите го изложивме повеќепати на најразлични нивоа. Тука ништо не се смени. За жал, тенденцијата за продолжување на дијалогот на јазикот на санкциите и понатаму ги уништува нашите билатерални односи. Ефективноста на санкциите секогаш може да биде доведена во прашање. Тоа го покажува развојот на економската дијалектика“, изјави Песков.   

САД во петокот, 7 август, ги проширија своите антируски санкции врз Јужнокиринското нафтено наоѓалиште во Охотското море.

Киринското наоѓалиште, отворено 1992 година, се наоѓа во рамките на Киринскиот блок од проектот „Сахалин-3” во подводниот крајбрежен појас на Сахалин во Охотското море. Резервите на гас на ова наоѓалиште во 2010 година беа проценети на 300 милијарди кубни метри.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.