Стејт департмент: САД се заинтересирани за поголемо учество на Русија во борбата против ИД

Вашингтон е заинтересиран за поактивно учество на Русија во меѓународната кампања за борба против терористичката група „Исламска држава“ (ИД), изјави официјалниот претставник на Стејт департментот Марк Тонер.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер ги коментираше средбите на шефовите на дипломатиите на Русија и САД – Сергеј Лавров и Џон Кери, изјавувајќи дека министрите особено дискутирале за отпорот против Исламистите во Ирак и Сирија, пишува „Взгљад“.

„Русија не учествува во меѓународната коалиција за борба против ИД“, изјави дипломатот. „Ние би сакале Русија да биде повеќе вклучена во тие напори, но прашањето за тоа засега продолжува да се разгледува“.

Претходно САД изјавуваа дека имаат заеднички цели со Русија во борбата против „Исламската држава“, иако Москва формално не се придружи на коалицијата што спроведува воена операција во Ирак и Сирија.

„Ние имаме заедничка цел – борба против ИД, која претставува сериозна закана и ние соработуваме со Русија“, истакна Тонер. Истовремено тој потенцираше дека „не сака да зборува за владите на други земји, зошто стапиле или не стапиле во коалицијата“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња