Русија до 2025 година ќе добие комплексен систем за контрола на Арктикот

Комплексен систем за контрола на теренот на Арктикот ќе се појави во Русија до 2025 година. Ова го соопшти РИА „Новости“ повикувајќи се на официјалниот претставник на креаторот на системот – концернот „Радиотехнички и информатички системи“ (РТИ), пренесува „Газета.ру“.

Комплексен систем за контрола на теренот на Арктикот ќе се појави во Русија до 2025 година. Ова го соопшти РИА „Новостиповикувајќи се на официјалниот претставник на креаторот на системот – концернот „Радиотехнички и информатички системи“ (РТИ), пренесува „Газета.ру“.

Според зборовите на креаторот, комплексниот систем ќе вклучува цивилни и воени авиони. Вредноста на проектот е 6 милијарди рубли.

„До 2020–2025 годна ќе се создаде систем за контрола на теренот на Арктикот. Тоа е формирање на единствен информатички простор, мониторинг на сите видови ситуации во воздухот, во вода, под вода, на копно. Тоа е систем со двојна намена – и воена, и цивилна“, истакна официјален претставник на концернот.  

Создавањето на системот спаѓа во програмата за освојување на Арктикот. Претставникот потенцираше дека во сегашно време Министерството за економски развој работи на создавање цивилна верзија која треба да се појави до крајот на 2016 година.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња