„По прашањето на летовите во вселената НАСА повторно ќе мора да се потпре на Русија“, соопштува сајтот на „Си-Ен-ЕН“, а пренесува „РТ“. Американската вселенска агенција го продолжи својот договор со „Роскомос“ за испраќање на своите астронаути на Меѓународната вселенска станица, изјави првиот човек на НАСА Чарлс Болден.
Според неговите зборови, договорот со Русија во износ од 490 милиони долари бил потпишан затоа што буџетот на НАСА бил скратен. Во текот на неколкуте претходни години агенцијата соработувала со приватни конструктори на системи за испраќање на човекот во вселената, меѓутоа Конгресот ја скратил таа ставка од расходите за една милијарда долари.
НАСА ја променила својата вселенска програма во 2011 година, кога предност добило истражувањето на подлабоката вселена, вклучително и летовите на Марс. Затоа САД мора да ги користат услугите на „Роскосмос“, при што секој лет чини околу 70 милиони долари по човек, а НАСА обично резервира шест такви летови годишно.
Агенцијата би можела самостојно да испрати човек во вселената дури во 2017 година, но за тоа е потребно дополнително финансирање.
НАСА веќе има инвестирано околу 1,4 милијарди долари во договори и посебни спогодби со приватни компании. Целта на таа програма беше „создавање безбеден, сигурен и не премногу скап пристап до вселената“. Болден апелираше до конгресмените да го зголемат финансирањето, затоа што, според неговите зборови, „најголемата нација на Земјата не треба да зависи од други по прашањето за испраќање на човекот во вселената“, ги цитира неговите зборови „Си-ЕН-ЕН“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче