Руската политичарка Марија Гајдар, неодамна именувана за помошник на губернаторот на Одеската област и поранешен претседател на Грузија Михаил Саакашвили се одрече од руското државјанство. Таа го изјави ова во етерот на „Прв градски” канал во Одеса, пренесува „Взгљад”.
„Планирав да се иселам во Израел поради лични проблеми, како и поради политичките проблеми во Русија кои, исто така, влијаеја на мојот личен живот. Меѓутоа, добив предлог од Михаил Саакашвили и секако дека дојдов, го видов тимот, ставот и посакав да бидам овде“, рече Гајдар.
Гајдар се пресели во Одеса са сопругот и ќерката, додека остатокот од нејзиното семејство е во Русија. Според нејзините зборови, поради селидбата нејзините роднини имаат многу проблеми.
„За мене беше многу болно сѐ што се случува сега меѓу Русија и Украина. Бев загрижена поради војната но не можев да направам ништо продуктивно од своја страна. Сега се појави за мене таква можност“, рече Гајдар. Каналот објави снимка од интервјуто со Марија Гајдар во кое таа соопштува дека се откажала од руското државјанство.
Според портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, Кремљ „не видел“ барање од Марија Гајдар за откажување од руското државјанство, пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче