Пентагон соопшти за голем кибернапад врз системот за внатрешна пошта што се случил околу 25 јули и реализиран од наводно руски хакери, соопшти во четвртокот каналот „Ен-Би-Си Њуз“.
Според информациите на претставниците на Пентагон, упадот во системот зафатил околу четири илјади воени и цивилни службеници на американскиот Генералштаб.
Се претпоставува дека хакерите ги координирале своите активности преку социјалните мрежи. Засега американската војска не е подготвена со сигурност да каже дека нападот бил одобрен од властите на РФ или е дело на поединци.
Како резултат на упадот биле украдени некласифицирани лични податоци и кореспонденција. Веднаш по известувањето за нападот Пентагон исклучил дел од системот за внатрешна пошта. Се очекува да биде пуштена во функција до крајот на неделата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.