Медиуми: Франција се согласила да ѝ плати на Русија помалку од 1 милијарда евра за „Мистралите“

Оваа сума треба да ги покрие сите аванси уплатени од Москва, како и трошоците за обука на руските морнари во Сен Назер.

Владата на Франција „се согласила да ѝ исплати на Русија за „Мистралите“ малку помалку од 1 милијарда евра“, соопштува весникот „Фигаро“, а пренесува ТАСС.  

Според неговите информации, „оваа цифра е резултат на компромисот меѓу руските побарувања (1,2 милијарди евра) и француската понуда (800 милиони евра)“. „Оваа сума треба да ги покрие веќе наведените аванси на Москва, како и низа трошоци за обука на руските морнари во Сен Назер оваа пролет. Набрзо ова прашање ќе биде предадено на разгледување на парламентот“, истакнува весникот.  

Како што изјави претходно претседателот на Франција Франсоа Оланд, договорот со Москва подразбира, на пример, враќање на руската страна „точно колку што навела Русија“, како и надомест на „расходите за обука“ на екипажот кој требаше да служи на двата брода. Притоа, потенцираше тој, Франција не треба да плати никакви пенали за договорот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња