Леонид Слуцки нов селектор на руската фудбалска репрезентација

Фудбалскиот стручњак ќе биде истовремено и тренер на ЦСКА и селектор на репрезентацијата до крајот на квалификацискиот циклус за Евро 2016

Тренерот на ЦСКА Леонид Слуцки е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Русија, соопшти клубот од Москва, а пренесува „Интерфакс“.

Во соопштението се истакнува дека ЦСКА ја зеле предвид сложената ситуацијата во која се најде националната селекција и му излезе во пресрет на раководството на Рускиот фудбалски сојуз, дозволувајќи му на стручњакот да ги спои функциите тренер на клубот и селектор на репрезентацијата до крајот на квалификацискиот циклус за Европското фудбалско првенство во 2016 година.  

Министерот за спорт Виталиј Мутко од своја страна изјави дека националната репрезентација треба да ја предводи руски тренер кој ќе ја одведе Русија на првенството 2016 година, а токму тоа е Леонид Слуцки.

Репрезентацијата на Русија остана без селектор откако на 14 јули РФС го раскина договорот со Фабио Капело по постигнатата заемна согласност.  

Во квалификациите за Евро-2016 Русија се наоѓа во групата Г и по шест одиграни натпревари го зазема третото место со осум бодови. Лидерот во групата Австрија има 16 бодови, а на второ место е Шведска со 12 бодови.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.